Deprecated: Function curl_close() is deprecated since 8.5, as it has no effect since PHP 8.0 in /home/u483256323/domains/poorvam.com/public_html/subdomains/pore/includes/api.php on line 184
Abstract
<jats:p>Алис Вокер (1944) е истакната афроамериканска писателка која ја добила Пулицеровата награда за литература во 1983 година за романот „Бојата на пурпурот“ (The Color Purple). Романот го прикажува животот на афроамериканските жени, третирајќи ги прашањата за сексизмот, расизмот и сиромаштијата кои го прават животот борба, но истовремено прикажува и аспекти од животот во кои семејството, сестринството и женската духовност играат клучна улога во таа борба. Сестринството во овој роман се јавува како духовна и мајчинска поддршка, односно како меѓусебна помош меѓу жените. Тоа претставува силна врска во која жените наоѓаат поддршка за сите свои тешкотии и товари. Станува збор за сојуз на жени во кој, преку меѓусебна помош, тие стануваат свесни за сопствените вредности и ја добиваат силата и средствата да и се спротивстават на машката доминација. Важна е и темата на сестринството, која води кон будење на сопственото „јас“ кај протагонистката. Се забележува дека ликовите во романот ја развиваат темата на сестринството, која е поважна и помоќна од врската што женските ликови ја градат со машките ликови во делото. Сестринството се манифестира преку односите меѓу Сили и Нети, Сили и Софија, како и Сили и Шуг. Преку поврзаноста со Шуг, во личноста на протагонистката настануваат суштински промени кои резултираат со будење на нејзината свест за себе. Преку оваа врска со Шуг, протагонистката се ослободува од доминацијата на патријархалното општество и ја развива потребата да сака и да биде сакана. Шуг, исто така, ѝ помага да ја открие сопствената сексуалност и одново да го научи вистинското значење на љубовта нешто за што таа мислела дека го изгубила заедно со својата сестра Нети. Самооткривањето на Сили е резултат на поддршката, мотивацијата и љубовта што таа ги добива од Шуг, Софија и Нети. Шуг ја запознава со пантеистичкото и трансценденталистичко гледиште за Бог. Откако ќе сфати дека Бог е во неа, таа успева да ги надмине стравот и чувството на вина и да стане жена која не се плаши да го живее животот.</jats:p>