Deprecated: Function curl_close() is deprecated since 8.5, as it has no effect since PHP 8.0 in /home/u483256323/domains/poorvam.com/public_html/subdomains/pore/includes/api.php on line 184
Abstract
<jats:p>Северна Македонија е интересна студија на случај за подобро да се разбере манипулациите со информациите и мешањето од странство (ФИМИ); и каква улога во оваа смисла имаат ранливоста во демократијата и медиумите, општествените поделби и домашните актери. И покрај формалните заложби за демократски реформи и интеграција во ЕУ, земјата и понатаму е ранлива на корупција, а правните празнини, во комбинација со поларизацијата и етничките поделби, создаваат политизиран медиумски пејзаж. Како и во многу други земји, во Северна Македонија има моќен дигитален информативен простор на кој му недостасуваат надзор и транспарентност. Овој извештај ги разгледува овозможувачите и поттикнувачите кои ја прават Северна Македонија да биде особено подложна на ФИМИ: недостатоците во политичкото финансирање, ниското ниво на отпорност на медиумите и координираните кампањи за дезинформации кои се усогласени со стратешки интереси на странски држави. Извештајот исто така ја потенцира улогата на граѓанското општество како потенцијален бафер против манипулациите и ја нагласува итната потреба од координиран одговор целото општество за заштита на демократските процеси и јавната доверба.</jats:p>